Златна кампања за седум години Grouper

103

izgled-na-zlatni-zdelki

Фото: Grouper

Познатиот сајт за групни попусти и лидер во е – трговија во Македонија, Grouper.mk оваа година го прославува својот седми роденден, за кој како што велат е нивниот среќен број што очекуваат дека ќе им донесе уште повеќе успешни зделки, заштеда и бројни задоволни корисници. Како и изминатите две години, така и оваа година роденденот го прославуваат со кампањата Златни зделки, којашто е препознатлива по специјални, роденденски, перфектни зделки на кои никој не останува рамнодушен, стои во соопштението.

Кампањата официјално стартуваше минатата недела и до денеска се започнати шест Златни зделки кои веќе остварија продажби од над 5.000 купони за само неколку дена. Во кампањата се вклучени брендовите за обувки Arthur’s, Оffice Shoes и Sketchers со попуст на веќе намалени цени на целиот асортиман; добро познатата ќебапчилница Тетекс; МНТ со попусти до 50% на билети за февруарскиот репертоар, гратис гориво за регистрирано возило од Петрол Оил. Од денеска започна и шестата златна зделка, од Жан Митрев Клиника, а од Grouper најавуваат и нови роденденски зделки кои ќе следуваат во текот на месец февруари. Дополнително, за прв пат во кампањата оваа година се вклучени и Златни Хотели, како посебно катче со премиум хотели од Македонија по специјални цени.

Овој седми роденден е посебен за Grouper, бидејќи годинава добија и златно роденденско изненадување. Ко-сопственичката на Grouper, Нина Ангеловска, беше избрана од Forbes и се најде на листата 30 under 30 од триесет најдобри и најветувачки претприемачи на ниво на Европа.

nina-angelovska_forbesGrouper.mk е двигател на е – трговија на македонскиот пазар од самиот почеток па до денес, со повеќе од 200.000 корисници. Изминатата година беа особено препознатливи по успешните маркетинг кампањи како Недела на храна #СкопјеГурман, извонредната Дестинација Македонија и секако најпознатата Black Friday акција, а како резултат на посветеноста и успешната работа и оваа година, по четврти пат се закитија со наградата за Најдобар сајт за е – трговија, како и Најдобар мобилен сајт и Најдобра мобилна апликација.