Златната палма на Канскиот фестивал годинава ќе има дијаманти

24

sopard

Фото: Facebook

Златната палма, главната награда на Меѓународниот филмски фестивал во Кан првпат оваа година ќе има дијаманти во знак на одбележувањето на јубилејот (70 години) на културната манифестација.

Палмата, којашто има 118 грама злато, годинава ќе има 167 ситни дијаманти од 0,694 карати. Статуетката, којашто се изработува рачно, чини околу 20.000 евра и е поставена на кристално перниче тешко еден килограм, пишува Le Figaro.

Златарницата Chopard, што ја изработува престижната награда, избра две занаетчиски задруги од Чиле за изработка на палмата. Занаетчиите ги прават калапите за златниот дел од наградата, изливаат злато што се полира и зацврстува за кристал што доаѓа од Германија.

Златната палма се чува во сеф и се предава на жирито во најголема тајност и големо обезбедување, непосредно пред врачувањето. Меѓународниот филмски фестивал во Кан ќе се одржи од 17 до 28 мај, а за златната палма се натпреваруваат 18 филмови.