Златно тркало 2022 – Гласањето започна!

155

Изборот кој со своето настанување донесе вистинско освежување кај македонската автомобилска јавност веќе прераснува во традиција со своето трето издание. Гласањето за наградата Златно тркало за 2022 година започнува, а Вие (од цела Македонија) можете да гласате и да го изберете автомобилот кој според Вас е најдобриот во категоријата.

Од денеска (1 март) па се до 15-ти март), сите вљубеници, ентузијасти и фанови на милениците на четири тркала во Македонија можат да го дадат својот глас за Најпосакуваниот автомобил во Македонија за 2022 година.

Оваа година во конкуренција влегуваат 15 автомобили кои се поделени во пет различни категории и тоа:

Најпосакуван Електрифициран Автомобил

Најпосакуван Семеен Автомобил

Најпосакуван Градски Автомобил

Најпосакуван Премиум Автомобил

и Главната награда за Најпосакуван Автомобил во Македонија за 2022.

Гласањето се одвива на централниот сајт на Златно Тркало. Авто Плус и останатите организатори (CarClub, RPM i CarbyVik) подготвија тестови, текстови, постови, видеа и останат вид на содржина се со цел да ги приближиме годинешните финалисти поблиску до вас, а линковите до секој од нас се наоѓаат под секој финалист на централниот сајт. Вам ви останува да разгледате, размислите и да го дадете вашиот глас во секоја од 5-те категории. Уште еднаш, гласањето започна денес и трае сè до 15-ти март.

Avtoplus.mk