Златото и пченицата поскапеа, европските берзански индекси во пораст

80

Европските берзански индекси денеска се во пораст, нафтата од типот „брент“ се продава за приближно 70 долари за барел, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цените на златото и на пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.342,75 поени, британскиот FTSE 100 на 8.217,88 поени, францускиот CAC 40 на 7.434,64 поени, а московскиот MOEX на 2.685,79 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 40.736,96 поени пред денешното отворање на берзите во Соединетите Американски Држави, додека индексот S&P 500 порасна на 5.495,50 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.025,88 поени. Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 66.703 долари, а на нафтата од типот брент на 70.166 долари, пренесува Танјуг.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 35.310 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 2.525,16 долари за унца, а на пченицата на 5.6012 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10425, што е за 0,20 отсто повисока отколку во вторникот.