Златото ќе достигне и до 4.000 долари?

161

Цената на златото овие денови се искачи на ниво од септември 2011 година бидејќи инвеститорите се “гладни“ за безбедни инвестиции и покрај големата неизвесност на глобално ниво.

Цената на унца злато за првпат овој месец надмина 2.000 долари и, според аналитичарите, може да продолжи да расте.

“Многу лесно цената на златото може да достигне 4.000 долари“, вели Френк Холмс, главен извршен директор на инвестиционата компанија US Global Investors, пренесува CNBC.

Тој смета дека мора да вбризгаат милијарда долари за да се обезбеди поддршка на американската економија во текот на пандемијата и министрите за финансии на 20-те најмоќни економии и централните банки да “работат заедно како картел и сите да испечатат илјада милијарди долари“.

“Никогаш досега не сме виделе централните банки да печатат толкава количина на пари по нулта каматна стапка. Со таква стапка, златото станува уште поатрактивна за инвестирање“, смета Холмс.

Аналитичарите сметаат дека и вакцината против коронавирусот може да ја забрза побарувачката за овој благороден метал.

Фото: Freepik