Златото не застанува – Еве колку ќе чини до крајот на 2025

Ги зголемија прогнозите: Златото ќе достигне астрономска цена?

Банката Голдман Сакс ја зголеми прогнозата за цената на златото за крајот на 2025 година на 3.700 долари за унца (31,1 грам), во споредба со претходната проценка од 3.300 долари.

Предвидениот опсег на движење на цените сега е од 3.650 до 3.950 долари, а причината за оваа ревизија е посилна од очекуваната побарувачка од централните банки и поголем прилив на средства во фондовите што тргуваат со злато (ЕТФ), поради зголемениот ризик од рецесија, пренесува Ројтерс.

„Доколку дојде до рецесија, приливот во ETF може дополнително да се забрза и да ја поттикне цената на златото до 3.880 долари за унца до крајот на годината“, се вели во извештајот на банката.

Меѓутоа, ако економскиот раст е над очекувањата поради намалувањето на неизвесноста за економската политика, тогаш тековите на ЕТФ би можеле да се вратат на нивото предвидено со каматните стапки, а цената на златото би била поблиску до 3.550 долари за унца на крајот на годината, проценува банката.

Иако Белата куќа ги иззеде паметните телефони и компјутерите од американските реципрочни царини, претседателот Доналд Трамп предупреди дека царините сепак може да се случат во одреден момент.