Знаци што покажуваат дека ќе ве унапредат

30

skali

Фото: Pixabay

Веќе некое време очекувате и се надевате на унапредување. Еве неколку знаци според кои ќе препознаете дека наскоро ќе слушнете добри вести.

Поканете сте на состаноци од кои претходно бевте исклучени

Штом одеднаш сте повикани да присуствувате на важни состаноци, претпоставените веќе им веруваат на вашите способности и тоа е одличен знак дека сте на вистинскиот пат да се искачите една (можеби и повеќе) позиции погоре.

Одбрани сте за специјален проект или задача со повеќе одговорности

Ова покажува дека сте ја заслужиле довербата на некој претпоставен со што добивате можност за напредок и докажување на вашите способности.

Вашиот шеф е унапреден

Голема е веројатноста, особено доколку сте работеле заедно со шефот на одредени задачи, и вие да бидете унапредени ако вашиот претпоставен добие унапредување.

Често сте повикани да го дадете вашето мислење

Ако вашето мислење им е важно на претпоставените, тие го ценат вашиот суд, размислувањето и искуството, тоа значи чекор напред кон повисока позиција.

Вашите долгорочни цели се предмет на интерес

Доколку вашиот претпоставен одвојува време да зборува со вас за вашите долгорочни цели и планови, значи дека е можно е да го проверува “теренот” за следното унапредување.

Компанијата брзо се шири

Постои веројатност да добиете унапредување и доколку забележите дека компанијата се шири, се вработуваат нови луѓе, се добиваат нови задолженија… па една од тие промени може да биде и вашата работна позиција.

Вие веќе работите на одговорни задачи

Кога задачите што ги извршувате одговараат на некој со повисока позиција, голема е веројатноста дека наскоро следува унапредување.