Знаете ли која е вашата “рок ѕвезда“?

44

Пред да ја започнеме потрагата по идеалниот вработен, најпрво треба да одредиме каква личност ни е потребна, пишува порталот MojPosao.net.

Процесот на селекција започнува уште пред објавување на огласот за работа. Започнува со дефинирање на профилот на личност која го претставува идеалниот вработен за одредено работно место. Освен потребното знаење и вештини, мора да биде компатибилна личноста со корпоративната култура.

Не постои унифициран начин што се користи за да се дојде до идеалниот вработен, но, постои процес којшто треба да помогне за да се најде идеалниот вработен за одредена позиција.

За да можете полесно да дојдете до профилот на “рок ѕвезда“, мора да ги дефинирате овие критериуми:

Демографски податоци – возраст, позиција, плата, локација, едукација, искуство…

Приватни цели – цели во животот, амбиции, афинитети

Професионални цели – зошто би ја променил сегашната работа, како ги совладува пречките, што го мотивира, што му претставува незадоволство кога е во прашање работното место

Вештини – во која област има најмногу знаење и искуство

Личност – какви карактерни особини има

Општествена околина – каде се движи, кои канали на информации ги смета за најдоверливи и што му влијае врз донесувањето на одлуките.

Фото: Pexels