Знаете ли колку километри дневно поминува вашето компјутерско глувче?

21

mousotron

Дали некогаш сте си го поставиле прашањето колку пати дневно кликнувате со левиот, а колку со десниот тастер од вашето глувче?

Mousotron е софтверско решение што многу лесно се инсталира и во позадина ги забележува податоците за тоа колку пати сте го поместиле глушецот, сите кликови, двојни кликови, брзина на движење на глувчето…

Оваа апликација е достапна за сите верзии на оперативниот систем Windows, а може бесплатно да се преземе. Воедно, постои статистика која се ажурира на дневна база и веднаш им ги покажува податоците на корисниците.