Zoo jeans, фармерки дизајнирани од тигри, лавови и мечки

28

zoo

За да се соберат средства за реновирање на зоолошката градина Камине во Хитачи, во Јапонија се продаваат фармерки брендирани како “единствени фармерки на Земјата дизајнирани од опасни животни”. Материјалот е замотан за големи гумени тркала, кои се оставаат во кафезите на лавовите, мечките и тигрите. Потоа животните со своите заби и канџи ги дизајнираат новите модели.