Zoom предвидува 905 милиони долари приходи во првиот квартал 

26

Американската компанија Zoom Video Communications предвидува приходите за првиот квартал да бидат над очекувањата, поради зголемениот број на корисници.

Компанијата предвидува првиот квартал да евидентира меѓу 900 и 905 милиони долари, во споредба со проценетите 829 милиони долари.

Акциите на американската комуникациска компанија, којашто во 2020 година за неколку пати ја зголемија вредност, на почетокот на оваа недела пораснаа за 8% на 448 долари.

Сервисите за видеоконференции како што е Zoom имаат корист од хибридниот модел на работа, што го прифатија голем број компании, што вклучува делумна работа од дома и од канцеларија.

Бројот на корисници на Zoom се зголеми во последната година бидејќи многумина го користат за дружење, виртуелни состаноци и онлајн настава.

Фото: Pexels