Зошто билетите од прва класа се толку скапи?

68
  1. Кој не би сакал да лета со прва класа и да ги почувствува на своја кожа сите удобности и услуги што ги нудат овие премиум билети. Но, има еден голем проблем – високата цена.

Билетите од прва класа чинат дури до 70% повеќе од оние во економска класа. Но, затоа имате комфор, првокласна храна од готвачи со Мишелин ѕвезди, пижами, маски за спиење, приватен ТВ, WiFi, разни подароци како чанти и дизајнерски чорапи. Во некои од најлуксузните летови може да добиете туширање и сауна.

Освен тоа, билетот обезбедува и посебен пристап од аеродромот до авионот, каде можете да земете и пијалак, па дури и да се истуширате.

Првата класа билети им овозможуваат на авикомпаниите да дадат и попуст. Понекогаш цената е толку висока, само за да се “спушти“. Се случува компаниите да се врзани со одреден авиопревозник и од тука доаѓаат и разните попусти.

Освен тоа, се случува патникот воопшто да не плати за летот, туку тоа да биде неговата компанија или спонзорот.

Она што секако најмногу привлекува кај првата класа е чувството на ексклузивност, луксуз и третман од висока класа. Кога некој патува на овој начин се придржува и до одреден начин на живот што го има само за да се задоволат луксузните стандарди.

Цената е се зголемува со текот на годините условена од други работи, како на пример, цената на горивото, таксата и плаќањата за обезбедувањето.

Билетите од прва класа обезбедуваат и многу простор. На пример, летот со Etihad A380 нуди три различни билети од прва класа, вклучувајќи и цели студија со голем брачен кревет и приватна бања.

Локацијата на оние кои седат во прва класа е најпогодна за излегување и влегување во авионот.

Фото: Facebook