Зошто богатството на најбогатите се зголеми за време на криза

33

За време на пандемијата од коронавирусот вкупното богатство на милијардерите порасна на 10,2 билиони долари, се наведува во извештајот на швајцарската банка UBS.

Од април до јули нивното богатство порасна за 27,5%, додека милиони луѓе останаа без работа, пишува Guardian.

На растот на богатството најмногу влијаеја движењата на берзата за време на пандемијата. UBS истакнува дека бројот на милијардери е зголемен во споредба со три години порано. Тогаш имало 2.158, а сега има 2.189.

Јозеф Штедлер, кој е на чело на UBS, смета дека милијардерите уште повеќе профитирале од кризата затоа што, како што рече, “имаат стомак“ да купат повеќе акции на компании во време кога паѓаат пазарите ширум светот.

Сепак, вредноста на акциите на одредени технолошки компании, кои се во сопственост на милијардери, значително се зголеми во последните неколку месеци. Штедлер смета дека милијардерите имаат “апетит за значителен ризик“ и дека се сигурни дека нема да ја прокоцкаат својата среќа.

Фото: Pixabay