Зошто е важно да излезете од комфорната зона

498

За да постигнете повисоки цели, важно е прво да се победите себе, а потоа сите препреки на патот. Со останување во комфорна зона не може да се постигне ништо големо и важно. Комфорната зона е непријател на успехот. Излегувањето од вашата комфорна зона е она што мора да го направите ако сакате да постигнете неверојатен успех, да ве направи уникатни и да се издвоите од останатите. Комфорната зона е само навика, а не некое волшебно и сигурно место.

Промените го движат светот напред, а ако сте од оние што тешко ја напуштаат својата комфорна зона, еве неколку совети што треба да направите.

Направете го првиот чекор

Сè што треба да направите е да преземете иницијатива. Ќе биде тешко да се направи првиот чекор без разлика дали станува збор за ново работно место, нов проект, прв ден во салата за вежбање. Почетокот ќе биде најдолг, но како што ќе одминува времето, работата ќе врви полесно, ќе стекнете навика и искуство и движењето напред ќе биде поедноставно.

Избегнете ја “зоната на терор“

Златна средина е просторот помеѓу зоната на стравот и зоната на комфорот. Најдете место кое ќе ви овозможи да растете, а стравот да не ве парализира. Важно е да работите на своите мисли и да го исчистите стравот и размислувањата за потенцијални закани и лоши сценарија.

Зона на храброст

Зоната на храброст се наоѓа вон зоната на удобност. Доколку не сте подготвени за голем чекор, направете прво мал. Зоната на храброста е непредвидлива, но содржи поголеми можности за личен и професионален развој. Кога излегувате од комфорната зона појдете храбро кон нешто што ви е важно и ќе ве мотивира.

Златна средина е просторот помеѓу зоната на стравот и комфорот. Најдете место што ќе ви овозможи да растете, а стравот да не ве парализира. Важно е да работите на своите мисли, трудејќи се да не размислувате за потенцијалните закани и лоши сценарија

Дозволете си да бидете ранливи

Можете да бидете просечни целиот живот, а можете и да преземете ризици и да постигнете голем успех. Мора да знаете дека и неуспехот е дел од искуството што ќе ве насочи кон успехот и ќе ви покаже нови патишта, можности, опции…

Чекор по чекор

Излегувањето од зоната на комфорот не е мала работа што може да ја преземете одеднаш и затоа направете сегментација на оваа постапка. За полесно остварување на вашиот план правете мали чекори и секој нареден треба да е добро испланиран.

Кажувајте ДА почесто

Не се плашете да кажете да, дури и ако мислите дека сте неподготвени. На работа прифаќајте нови проекти, задачи, улоги… макар и тоа да е нешто што никогаш не сте го направиле. Со тоа ќе отворите нови врати и можности за вашата кариера. Можеби на ваше изненадување ќе најдете нешто што ќе ви причинува големо задоволство.

Фото: Freepik