Зошто Илон Маск лансира илјадници сателити во орбитата?

77

Компанијата на Илон Маск, SpaceX лансираше илјадници сателити во орбитата. Многумина велат дека ги виделе на небото. Сателитите се дел од проектот Starlink, чија цел е да обезбеди брзи интернет услуги од вселената до оддалечените области на Земјата. Starlink обезбедува интернет услуги преку огромна мрежа на сателити и е наменет за луѓе кои живеат во оддалечени области без пристап до брз интернет, пишува BBC.

„Има луѓе во Обединетото Кралство  во таа категорија, но ги има повеќе низ светот, на континенти како Африка“, вели д-р Лусинда Кинг, раководител на вселенски проекти на Универзитетот во Портсмут.

Сателитите на Starlink се поставени во ниска орбита на Земјата, така што врските помеѓу сателитите и површината на Земјата се што е можно подобри. Сепак, потребен е голем број на такви сателити за да се обезбеди целосна покриеност на целиот свет. Се смета дека Starlink испратил околу 3.000 сателити во вселената до 2018 година, а на крајот би можел да брои 10.000 или 12.000.