Зошто криминалците ја избираат криптовалутата монеро

38

Сè поголемо внимание на регулаторите и полицијата привлекува монеро – криптовалутата која е прв избор за криминалците.

Додека биткоинот е дизајниран да остави видлива трага од трансакции со помош на блокчејн технологија, монерото претендира да осигурува трансакции во кои ќе се сокрие испраќачот, примачот, како и износот на плаќањето.

Таквиот концепт на криптовалута, кој првенствено инсистира на заштита на приватноста, особено ги привлекува сајбер криминалците, уценувачи, но и сите оние кои собираат пари на незаконски начини.

Експертите за компјутерски криминал предупредуваат на групи како REvil, кои ја нападнаа месната индустрија на JBS.

Експертите проценуваат дека денес 10 до 20% од сајбер уцените се плаќаат во монари, што претставува зголемување за 50% на годишно ниво.

Монеро беше лансиран како open source проект во 2014 година на форумот за корисници на биткоин.

Од почетокот на 2020 година монеро ја зголеми својата вредност за пет пати, а неговата пазарна капитализација достигна  пет милијарди долари, што е сè уште далеку од пазарната капитализација на биткоинот – 727 милијарди долари.

Фото: Facebook