Зошто на Балканот и централна Европа има поголема смртност од коронавирус

163

Од Чешка, преку Словенија, БиХ и Црна Гора, до Бугарија … има најголема смртност од коронавирус по глава на жител. Експертите објаснуваат зошто.

Минатата година тие поминаа солидно, но оваа година статистиката вели дека осум земји од централна Европа и Балканот се на првите девет места на списокот на светски земји кога станува збор за бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот на милион жители, пишува Дојче веле.

Според податоците на Оксфорд, Our World in Data, оваа црна листа е предводена од Унгарија (2.812 смртни случаи на милион луѓе), следена од Чешка (2.721), БиХ (2.579), Црна Гора (2.364), Бугарија (2.342), Северна Македонија (2.290 на милион луѓе) и Словачка (2.126), Белгија (2.082) и Словенија (2.037).

Постојат земји каде епидемијата е игнорирана или недоволно се тестира или утврдувањето на короната како причината за смртта. Значи, излегува дека во земји како Нигерија, Венецуела или Авганистан, скоро никој не умира од вирусот.

Кога работата од дома не е опција

На пример, 37,3% од вработените во Чешка работат во индустрија. Тој процент во Унгарија и Полска е 32%, додека, според Светска банка, тој удел е значително помал во Западна Европа (20% во Франција и 18% во Велика Британија). Чешка и Словачка, и покрај малото население, се трети и четврти земји на ЕУ според бројот на произведени автомобили. Ова едноставно значи дека во такви земји повеќе луѓе треба да одат на работа затоа што фабричката работа не може да се пренесе во домашната канцеларија, вели Маријан Хајдук, директор на Институтот за молекуларна медицина на универзитетот Палачки во Чешка.

Слично вели и Ричард Колар, математичар кој прави епидемиолошки модели и ја советува словачката влада. Тој вели дека разликата во регионите е јасно видлива. Така, Братислава е помалку погодена од помалите словачки градови затоа што 60 % од жителите на главниот град можат да работат од дома. Во првиот бран на короната во пролетта минатата година, во почетокот фабриките исто така го намалија или запреа производството. Денес не е така. Словачка, како најголем производител на автомобили во светот по глава на жител, привлекува и многу гастарбајтери, од кои некои патуваат секој ден во фабрики. Ова го зголемува ризикот од ширење на вирусот.

Хајдук вели дека Полска, Унгарија, Чешка и Словачка се многу слични во овој поглед. Покрај тоа, во Чешка луѓето кои не можат да одат на работа затоа што сево карантин добиваат само 60% од заработката.

“Тоа ги демотивира луѓето да одат во карантин, доколку е потребно или да известат со кого биле во контакт. Политичарите неодамна го сменија тоа, така што и во карантин работниците добиваат цела плата, и ова беше веднаш прифатено од населението”, вели Хајдук.

Фото: Pixabay