Зошто не им се допаѓате на клиентите?

44

zirka-pixabay

Фото: Pixabay

Се прашувате зошто продажбата едноставно не ви оди. Чувствувате дека на клиентите не им се допаѓате, а не сте сигурни зошто е тоа така. Дали е лошата презентација, првиот контакт или едноставно не умеете да се снајдете како продавач? Во продолжение неколку одговори на вашите прашања.

Зборувате повеќе отколку што слушате.

Презентирате студии на случај што не се релевантни.

Не успевате да ги илустрирате главните точки со значајни случувања, анегдоти.

Не го изговарате точно името на клиентот.

Вашата презентација трае премногу долго.

Ја започнувате презентацијата со преглед на вашата компанија и трошите повеќе време од потребното.

Ја започнувате презентацијата со биографија за основачот и тоа трае повеќе отколку што треба.

Споменувате проблеми што мислите дека клиентот ги има.

Користите слајдови за собирање на средства во презентација за продажба.

Користење на премногу жаргон, акроними, зборови што се во “мода” и слично.

Не давате објаснување на кој начин вашата понуда е подобра од конкурентската.

Не знаете соодветно да одговорите на прашањата од клиентите.

Одбегнувате прашања само да не признаете дека не го знаете одговорот.

Поставувате реторички прашања. (Што ако можам да ви заштедам…?)

Користите зборови што звучат примамливо (Ви гарантираме дека…)

Носите облека и додатоци што го одвлекуваат вниманието на клиентот.

Не го исклучувате телефонот за време на средбата.

Презентирате комплексни графикони со коишто се обидувате да објасните сè одеднаш.

Прикажувате клише фотографии на среќни работници.

Читате од слајдовите. (Една од најголемите грешки)

Почнувате да зборувате брзо зошто не ви преостанува уште многу време.

Многу повеќе се фокусирате на затворање на продажбата, отколку да научите нешто и да помогнете.

Се жалите на работата и на општата економска ситуација во земјата.

Го пренасочувате фокусот на вашите емоции и желби.