Зошто не заработуваме повеќе?

26

novcanik

Фото: Pexels

Стив Сиболд е милионер, автор и еден од најпознатите говорници во светот од областа на критичкото размислување и ментален тренинг.

Тој е автор на книгата “Како размислуваат богатите”, каде ги изнесува своите совети врз основа на интервјуа со 1.200 најбогати луѓе во светот.

Сиболд бил и самиот инспирација за многу луѓе кои ги послушеле неговите совети за започнување на сопствен бизнис и сега се успешни претпримачи.

Еве што порачува тој.

1. На слободниот пазар секој може да заработи колку што сака.

2. Вашето CV, нивото на образование и интелигенција се неважни кога станува збор за заработувачка.

3. Најбрз начин за богатење е ефикасното решавање на проблеми. Што поголем проблем, толку поголема заработувачка.

4. Не ги слушајте оние што зборуваат дека животот е борба и дека мораме да бидеме задоволни со тоа што го имаме.

5. Секогаш очекувајте да заработите што повеќе.

6. Ослободете се од предрасудите и стравот и почнете да ја гледате позитивната страна на парите: слободата и можностите.

7. Богатството не е привилегија, туку право. Ако заработувате богатство за некого, имате право и самите да бидете богати.

8. Не чекајте нешто да се случи. Нема да се збогатите со помош на некоја надворешна сила. Ако сакате пари, самите направете си брод, зошто никој нема да дојде и да ве спаси.

9. Престанете да се грижете дека ќе ви снема пари. Наместо тоа фокусирајте се на тоа како да заработите повеќе.

10. Заборавете ги изговорите дека прашањето дали ќе бидете богати или не, е надвор од ваша контрола.