Зошто НЛБ отвора центар за развој во Белград, а не во Љубљана

77

Зошто НЛБ отвора центар за развој во Белград, а не во Љубљана – се прашуваат словенечките медиуми. Според раководството на НЛБ, Белград стана технолошки центар каде доаѓаат ИТ експерти од земјите од поранешната заедничка република, а Словенија нема доволно кадар и има превисоки даноци, пренесува Б92.

НЛБ креира развоен компетенциски центар во Белград којшто вработува скоро 40 лица вклучени во развојот. Словенечкиот образовен систем не создава доволно кадар за работни места од ваков вид.

“Ако не успееме да направиме посериозен потег во Словенија, постепено ќе преместиме значителен дел од нашите развојни капацитети во Србија. Во Словенија не можеме да добиеме доволно кадар за  деловна трансформација, а од друга страна е многу тешко да ги увезуваме поради високото оданочување. Од таа причина, ние сме принудени да мислиме – и се повеќе словенечки компании – развојни профили и развојна работни места да отвораме надвор од Словенија. НЛБ нема да престане да се развива затоа што не може да ги добие тие луѓе во Словенија“, одговара Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на Банката.

Според него, денес во Нови Сад, Белград, Ниш, не се формираат само развојни центри, туку и центри за логистички услуги за важни мултинационални компании.

Фото: Pixabay