НЛБ Банка планира центар за развој на заеднички платформи за банките во регионот

43

НЛБ банка планира центар во Белград за развој на заеднички платформи за банките во регионот, објави Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на НЛБ. Забележливо е дека и во Србија, како и на други места, се заштедува повеќе за време на пандемијата, но Бродњак очекува дека повторно ќе се зголеми потрошувачката по подобрувањето на здравствената состојба.

“Едвај го чекам првиот распродаден концерт на Зоран Предин во Белград, Бајага во Љубљана, фудбалското дерби во Белград на полн стадион или кошаркарското дерби во салата“,вели Бродњак.

Групацијата НЛБ во Белград гради центар за компетенции за развој на заеднички платформи за банките во регионот. Бидејќи тие се срцето на идниот деловен модел на банките како технолошки компании, тоа значи дека Белград станува второто седиште на групацијата НЛБ, вели за Танјуг, Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на НЛБ, која ја купи Комерцијална банка на крајот на минатата година.

Ова, вели тој, создава добри работни места, не само за луѓето од светот на финансиите, туку и за ИТ работниците.