Зошто овој ресторан во Брисел е прогласен за најдобар во градот?

34

Ресторанот 65 Degres којшто се наоѓа во Брисел, Белгија, моментално е најпосетуван во метрополата, најмногу поради вработените од кои голем дел се со Даунов синдром.

Угостителскиот објект е дел и од проект за инклузија и има одлични критики на веб страната TripAdvisor каде е на прво место од 2.000 конкуренти.

“Гостите доаѓаат тука да нè видат нас и да уживаат во атмосферата и одличната храна. Иако сме под голем притисок, горди сме на себе”, вели келнерката Мари Софи Ламарш, која е со Даунов синдром.

Ресторанот, којшто е именуван по идеалната температура за варење на јајце, е дело на четворица претприемачи кои имаат искуство во готвење и социјална грижа.

Најмногу се служи француска храна, а персоналот го прави целото искуство единствено, пишува Reuters.

Идејата на основачите е да им се даде шанса на овие луѓе, кои честопати се маргинализирани, да се вклучат во еден ваков бизнис.

“Тие се толку среќни што работат тука и им претставува задоволство да доаѓаат на работа секој ден“, вели еден од основачите Валентин Когелс.

Фото: Facebook