Зошто посета на салон за убавина во денешно време е потреба?

154

Сакате да ослабете – имате потреба од редовна нега на вашата убавина или пак чувствувате хроничен замор, напнатост, нервоза, анксиозност всушност постојано сте под стрес. Доколку само на едно од овие прашања одговорот е позитивен тогаш навистина сме ви многу потребни.

Симптомите на чести главоболки, несоница, покачен притисок, пад на имунитетот, чувство на нарушена здравствена состојба укажуваат дека телото е под голем стрес. Но, постои решение. Секогаш приоритет се дава на здравјето, а ние сме превентива за да не ескалира проблемот и да треба да се решава во здравствена организација. Затоа, цврсто одлучете посета на салон за убавина да биде ваш стил на живеење.

Само 60 минути релакс масажа со масло од портокал во пријатен амбиент со музика за опуштање и позитивната енергија на масерот ќе постигнете елиминирање на стресот, подобрување на циркулацијата, опуштеност на мускулите, значајно подобро расположение, подобрување на концентрацијата, подобрување на метаболизмот а во исто време и исфрлање на насобраната течност во масното ткиво-комплетна детоксикација.

Едноставно заслужувате да си дозволите вакви третмани и да бидете здрави и опуштени. Тоа што треба да го знаете пред да користите масажа е да избегнувате обилни оброци или алкохол. Исто така, потребно е и да пиете доволно вода која ќе помогни вашето тело да се ослободи од токсините. Секогаш пред масажата треба да го известите масерот доколку сте бремени, ако примате некаква терапија односно сте болни, ако скоро сте имале оперативен зафат, ако сте алергични особено ако имате кожна алергија или пак ако имате некаква рана на телото.

Кога се работи за отстранување на целулит и намалување на масната наслага потребно е и основно клиентот кога ќе нè посети најпрво да е цврсто решен да го реши од корен овој проблем односно да си ја постави како цел која ќе ја оствари во еден период за што прецизно ќе добие информација од стручниот тим во салонот што може да очекува и за колку време и која комбинација на третмани е најдобра за него. Значи си поставува цел (да ослаби) потоа се придржува на договорениот план (чекор кон целта), потоа редовно се прави контрола на напредокот (мерки во обем и намален број на килограми) и на крајот ја постигнува целта.

Исто така, важно е да се знае кога одлучуваме кои третмани на телото треба да се применат е дека решавањето на проблемот никогаш нема да биде ефикасно ако се решаваат само последиците, потребно е во исто време заедно да ги отстраниме сите причини што допринеле и го создале проблемот. најчести причини се неправилна исхрана, недоволно консумирање на течност, недоволно движење, пушењето, тесната облека. но која и да е причината, во разговор со нашиот стручен тим ќе ја лоцираме и ќе добиете конкретни насоки за решавање на истата.

Од досегашното искуство првото прашање на секој буквално секој клиент е – каква диета ми препорачувате? Се разбира јас тоа не го поддржувам и се обидувам колку можам да ги разубедам моите клиенти. На ова прашање најчесто одговарам со контра прашање, зошто денес има се поголем број на луѓе со вишок килограми, ако се ефикасни диетите­? Со диетите се постигнува моментален ефект, привремено намалување на телесната тежина. Ригорозните диети го зголемуваат нивото на стрес хормонот кортизол кој пак го поттикнува наталожувањето на масните наслаги во телото. Затоа по завршувањето на диетата вие не само што ги враќате килограмите, туку кај голем број на случаи и се зголемуваат килограмите. Значи потребно е само здраво да се храните или ако повеќе милувате да го употребите терминот диета тогаш држете диети кои содржат и маснотии, бидејќи што тие даваат посилно чувство на ситост. Здравите масти може да се внесат во организмот преку рибата, маслинките и јаткастото овошје при тоа ќе внимавате да не внесувате повеќе од 1.200 калории дневно. Кога се храните почесто и помалку вие сте сити и не чувствувате глад, а слабеете побрзо. И најважното е доволно односно внес на три литри течност во текот на денот.

Ќе бидам нескромна и ќе кажам дека скоро и да не постои клиент во Тренд ас кој слабеел со нашата програма, а да не сме го навикнале да консумира доволно течност и правилна здрава исхрана.

Тренд ас постои за вас, ви нудиме голем избор на третмани за тело, за релаксација, слабеење, трајно отстранување на целулитот, третмани на лице, кардио теретана, фризерски услуги, маникир, педикир, депилација, свилени трепки, јапонско исцртување на веѓи, филери и мезотерапија.

Вие треба само цврсто да одлучите дека Тренд ас ќе биде ваш стил на живот.

Пишува Анита Лазарова, основач и менаџер на Тренд Ас