Зошто пропаѓаат бизнисите

263

Неуспехот е тема што повеќето би сакале да ја избегнат, но игнорирањето на очигледните предупредувачки знаци на проблеми во претприемништвото е сигурен начин за еден претприемач да се најде на погрешен пат. За да избегнете вашата компанија да биде во неволја, овој текст може да ви биде корисен, затоа што ги објаснува најчестите причини зошто компаниите не успеваат.

Недоразбирања на пазарите и клиентите

Разбирањето на пазарниот простор и навиките за купување на вашите клиенти е од клучно значење за развојот на претприемништвото. Недостаток на детална проценка на пазарот, несоодветна политика за цени, како и занемарување на односите со клиентите може да доведе до пропаѓање на вашата деловна активност. Успешен претприемач ги зема предвид трендовите, вредностите и интересите на постојните и потенцијалните клиенти. Истражувајте ги клиентите и откријте кои се нивните интереси, потреби и барања. Бидете во тек со промените и следете ги трендовите.

Погрешна причина за започнување бизнис

Причината за неуспехот на претприемачки потфат често може да се поврзе со причината зошто претприемачот го започнал бизнисот. Дали е вашата причина за претприемништво желба за големи пари? Дали сакате да имате повеќе време за себе и за вашето семејство? Или едноставно сакате да бидете свој шеф? Иако ова се придобивките што претприемништвото може да ви донесе, а успешните претприемачи уживаат по долги години напорна работа, тие не се и не треба да бидат причини за започнување бизнис. Причините што водат кон градење успешна компанија која ќе трае ќе трае е љубов и верба дека вашиот производ или услуга што ја обезбедувате ги задоволува реалните потреби на пазарот. Ако добро го познавате полето со кое се занимавате, решени сте и одговорени, поразите не ве исплашат, но тие се поттик за вас да продолжите понатаму – успехот нема да ви недостасува.

Погрешно време за производ

Може да се случи производот да биде “напреден“ за пазарот и купувачите едноставно да не бидат подготвени за поинаков пристап.Друг проблем може да биде тоа што во дадениот момент нема побарувачка за конкретниот производ или услуга. Купувачот мора да има “нерешлив“ проблем за да го купи производот. Производ што не решава проблем, прави проблем и е само една од причините зошто бизнисите пропаѓаат.

Недостаток на бизнис план

Уште една причина зошто бизнисите пропаѓаат е бидејќи не прават долгорочен бизнис план или што е полошо немаат никаков план. Без ваков документ многу потешко е да ги убедите инвеститорите и партнерите во вашата визија.

Преголема амбиција

На почетокот, лесно може да  помислите дека никој не може да ја заврши работата како вас и дека само вие знаете се` за вашиот производ или услуга. Ваквото размислување може само да го “поткопа“ бизнисот. Побарајте совет од експерти, најмете професионалци и не бидете премногу горди да кажете дека постојат работи што не ги знаете.

Човечки ресурси

Претприемачите честопати не вработуваат соодветен број на вработени, како и вистински стручен персонал што е во согласност со деловните потреби.

 Неефикасен маркетинг

Маркетингот игра значајна улога во успехот на кој било бизнис, а исто така е меѓу најважните фактори во неуспехот на претприемачите. Со добар маркетинг можете да добиете многу потенцијални клиенти за производите или услугите што ги нудите, тоа е сигурен процес кој може значително да придонесе за вашиот деловен успех.

Фото: Freepik