Прекувремената работа не е необична појава во многу компании. Најновите истражувања покажуваат дека жените сè повеќе се соочуваат со бројни неплатени работни часови. Дваесет и петгодишната Лоти, која е експерт за односи со јавност, со воодушевување ја прифатила поканата да работи на еден проект.
“Како млада и амбициозна личност, проектот го доживеав како прилика да се докажам и покажам“, објаснува Лоти и ги открива неприликите со кои се соочила.
По напорниот работен ден останувала во канцеларијата до 21 часот. Викендите работела од дома за да ги заврши сите задачи. Тогаш мислела дека работи нешто важно и ќе напредува во кариерата. Но кога погледнала позади себе, сфатила дека била само искористена, пишува Independent.
Според најновите истражувања во Велика Британија, жените неделно поминуваат 65 минути подолго на работа отколку во 2009 година. Извештајот е заснован на податоци на Kанцеларијата за национална статистика.
Други студии покажуваат дека дополнителното време поминато на работа е многу подолго од еден час. Овој податок се однесува на вработени жени на возраст од 20-тина години. Дамите на оваа возраст работат најмногу работат прекувремено.
Извршната директорка за односи со јавност, Кери вели дека неделно работи и до десет часа подолго од предвиденото време.
“Жените покрај деловните обврски имаат уште улоги во својот живот. Работните недели траат подолго, а прекувремената работа е нормална појава на почетокот на кариерата за да изградат искуство и стекнат вештини“, вели Кери.
Од жените се очекува исполнување на традиционални улоги како грижа за семејството и домаќинство. Ако сакаат деца, ќе мора да го жртвуваат својот професионален развој во одреден период од животот, додава таа.
Според едно истражување во кое учествувале 10.223 работници од шест различни земји, први три причини за прекувремена работа се: одговарање на електронска пошта, барање одобренија од колегите и неочекувани состаноци.
Фото: Pexels