Зошто шишето вино е 0,75 литри?

278

Дали некогаш сте се запрашале зошто виното се пакува во шишиња од 0,75 литри или 750 милилитри?

На крајот на 19-от век дестилираните пијалаци во САД се ставале во таканаречени петтини, што е една петтина од еден галон. Еден галон е 3,79 литри, па една петтина од 0,758 литри.

Во Европа до тој момент се произведувале шишиња во различни облици и големини, поради стариот и непрецизен начин на производство. Во текот на 19-от век е пронајден начин како тоа да се промени и да се почне со производство на шишиња со точни мерки. Еден век подоцна, односно во текот на 70-тите години на минатиот век, американската влада побара стандардизирање на мерките за да може споредувањето да биде поедноставно. Тогаш се дадени и неколку предлози, меѓу кои и тој шишињата да бидат од една петтина или 750 милилитри.

Во винските земји од Европа во тоа време најчесто се користеле шишиња од 700 и 800 милилитри, каде шампањот најчесто бил полнет во шишиња од 800 милилитри, што и денес може да се види доколку некој поседува таков раритет, пишува Vino.rs.

Набрзо по американската стандардизација и Европската унија побара да се стандардизираат одредени величини. Па така, повеќето земји како стандард го земаа шишето од 750 милилитри, поради полесен извоз во САД.

Фото: Freepik