Зошто средбата “очи в очи“ е најефикасна во бизнис светот?

75

Технологијата ни овозможува безброј можности, а една од нив е комуникацијата на далечина. Ваквиот начин овозможува да имате блиски релации со бизнис соработници, клиенти, добавувачи… иако сте можеби илјадници километри оддалечени. Сепак, и покрај сите овие модерни и иновативни техники, истражувањата покажуваат дека средбата “очи в очи“ е најефикасна и најуверлива.

Па така, Harvard Business Review и Journal of experimental social psychology направија истражување во коешто беа вклучени по 45 учесници. Од секој од нив било побарано да пополнат анкета, па половина од нив барањето го испратиле по електронска пошта, додека другата половина лично “очи в очи“ ги правела анкетите.

Податоците покажале дека при директните средби, за 34 пати е поголема веројатноста да добијат позитивни одговори одошто ако анкетата била испратена по мејл.

Постојат некои работи што само во комуникацијата “очи в очи“ може да се постигне, а што не е случај со испраќање на електронска порака или контакт преку виртуелни мрежи.

Невербална комуникација – говорот на телото е важен кога е во прашање комуникацијата. Не суштината само во тоа што некој кажал, туку каков е изразот на лицето или држење на телото.

Поголема ефикасност – состаноците во “четири очи“ се пократки од конференциските повици, но имаат многу поголем ефект и можат да придонесат за решавање на важни прашања.

Помала е веројатноста за појава на недоразбирање – понекогаш е потешко сето она што сакате да го кажете, да го напишете во еден мејл. Кога имате директна средба, полесно може да им ги објасните деталите на соговорниците.