Зошто Zооm стана апликација број еден за време на пандемијата?

216

Пандемијата на коронавирусот направи тектонски промени во нашето секојдневие. Освен што повеќе ги миеме рацете, внимаваме на хигиената и постојано го следиме бројот на инфицирани, сè повеќе луѓе своите работни задачи ги извршуваат од дома.

Една од апликациите што доживеа вистински бум е Zооm.

Станува збор за апликација што се базира на видео комуникација во деловното окружување. Има едноставна и стабилна cloud платформа за видео и аудио состаноци, конференции, преговори, обуки, вебинари и може да се користи преку различни електронски уреди (телефон, компјутер, лап топ, таблет и слично).

Оваа апликација нуди и повеќе опции, како што се Zoom Rooms или Zoom Meetings преку коишто може да се водат или да се учествува во различни настани со повеќе лица ширум светот.

Меѓу опциите што Zoom им ги нуди на клиентите се:

  • Споделување на документи, фотографии, видео снимки
  • Симултано делење на екраните
  • Онлајн табла за пишување
  • Снимање во MP4 и М4А формати

Инаку, само овој месец имало 183% повеќе преземања на апликацијата Zoom од просечното, а со огромно зголемување на бројот на нови корисници се очекува да добијат дополнителни 337 милиони долари оваа година. Zoom во 2011 година ја основа Ерик Јуан, поранeшен инженер на Cisco System.

Фото: Facebook