Ѕвезден шопинг: Познати личности собираат “камења“ што чинат милиони

27

Илон Маск, Стивен Спилберг и Николас Кејџ се меѓу оние кои собираат “камења“ што чинат милиони, пишува британски Гардијан.

Метеорите привлекуваат интерес на познатиот колекционери кои ги ценат “вселенските камења“, откако летале низ вселената стотина или илјадници години пред да паднат на оваа планета.

Наредните недели на аукција ќе се најдат околу 70 метеори, чија вкупна вредност би надминала милиони британски фунти.

Аукцијата Deep Impact вклучува и метеори кои содржат скапоцености и кои додека влегувале атмосферата со огромна брзина добиле форма на уметничко дело.

Се очекува дел од метеорите за кои е научно докажано дека се од Месечината, да достигна цена меѓу 180.000 и 250.000 фунти.

Во последните години, некои големи метеори се продадени за милионски суми.

Фото: Freepik