
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се
зголемуваат за 3,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од
07.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 100,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 102,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 07.09.2026 година и со тоа малопродажната цена
на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за
4,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на
највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.09.2026 година
и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 109,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 2,242 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 07.09.2026 година и со тоа малопродажната цена
на Мазутот М-1 НС изнесува 48,243 ден/кг.
Од 15.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 100,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 102,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 109,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,243 (денари/килограм)











