1,2 милиони граѓани во земјава ќе бидат вакцинирани со ковид вакцините

30

Вкупно 1,2 милиони граѓани во земјава ќе бидат вакцинирани со ковид вакцините, најави министерот за здравство Венко Филипче.

“Вчера, стигна писмото за најава од страна на Ковакс-механизмот дека е можно вакцините преку овој механизам да стигнат на крајот на јануари или почетокот на февруари. Ние вчера ги пративме и аплициравме со сите документи во однос на спремноста, а тоа се анализата и евалуацијата што ги правевме на нашиот систем заедно со СЗО и практично веќе аплициравме да бидеме во првата група земји во согласност со спремноста на нашиот систем во однос на чувањето на температура на -70 степени, дистрибуцијата и практичната апликација преку центрите за јавно здравје да бидеме во првата група земји што би ги примиле вакцините“, рече министерот за здравство.

Крајниот рок за пријавување е 18 јануари и дури потоа ќе се знае точно кога би пристигнала пратката со вакцини.

“Според нивното писмо, станува збор за вакцината на Pfizer а следна што доаѓа предвид е на AstraZeneca, рече Филипче.