123456 – дали и вие ја имате оваа лозинка?

9

Безбедноста на интернет е многу важна бидејќи овозможува да ги зачувате на сигурно сите податоци, слики, документи, информации… Ова важи и за обичните граѓани, но и за компании и институции. Сепак, зачувување на тие податоци треба да се направи со доверлива лозинка, за која не секогаш имате идеја како треба да изгледа.

Постојат генератори на лозинки кои даваат различни предлози за безбедни лозинки, но голем е бројот на луѓе кои и понатаму користат некои лозинки коишто се лесна мета за напад и не даваат никаква заштита.

NordPass објави листа на 200 најлоши лозинки што се користеа оваа година. Ако и вашата лозинка е некоја од нив, веднаш променете ја.

Ова се првите 20 најлоши и најнебезбедни лозинки што најмногу се користеле годинава:

  1. 123456
  2. 123456789
  3. picture1
  4. password
  5. 12345678
  6. 111111
  7. 123123
  8. 12345
  9. 1234567890
  10. senha
  11. 1234567
  12. qwerty
  13. abs123
  14. million2
  15. OOOOOO
  16. 1234
  17. iloveyou
  18. aaron431
  19. password1
  20. qqww1122

Фото: Freepik