15 години ЕОЅ во Македонија – како да се биде успешен сега и во иднина

22

photo_header_mk_company_2048x720-1024x360-100Оваа година ЕОЅ слави 15 години присуство и успешна работа на македонскиот пазар. На 14-ти март 2018, во хотел Мериот, ЕОЅ организира настан со тема EVEREVOLVING на којшто со своите партнери, клиенти и соработници ќе го прослави роденденот и ќе ја презентира својата нова мисија и планови за иднината. Настанот е прв од серијата настани планирани во текот на 2018 годиниа, со којашто ЕОЅ ќе го означи својот 15-ти роденден во Македонија.

“Низ годините ЕОЅ се позиционираше како партнер на банките и финасиските компании во делот на наплата и откуп на побарувања. На почетокот во Македонија многу малку се знаеше за дејноста наплата на побарувања. Сега на македонскиот пазар ЕОЅ успешно работи со 85 вработени. Клиентите многу бргу ја препознаа додадената вредност која ЕОЅ како бренд ја носи и денес сме нивниот прв избор”- вели Катерина Бошевска, Генерален Директор на ЕОЅ во Македонија и Црна Гора.

ЕОЅ Матрих Македонија е дел од Групацијата ЕОЅ којашто е една од најголемите меѓународни компании за финансиски услуги. Во европски рамки ЕОЅ важи за лидер на пазарот на услуги за менаџирање на побарувања, а истото е точно и за македонскиот пазар. Од 2003-та година до денес, ЕОЅ во своето портфолио на партнери и соработници вбројува голем број компании присутни во скоро сите сегменти од македонската економија: банки, телекомуникациски компании, комунални претпријатија, како и голем број на мали, средни и големи компании од приватниот сектор.

Групацијата ЕОЅ има над 40 годишно искуство во управувањето со побарувања и повеќе од 20.000 клиенти ширум светот, а своите услуги ги нуди во 26 земји во Европа и Северна Америка. ЕОЅ денес е препознатлив интернационален бренд, со седиште во Хамбург кој обезбедува услуги специјализирани во три области: Наплата на долгови, Откуп на доспеани побарувања и Комплетно преземање на процеси.