15 години во движење: ЛУКОИЛ Македонија го прославува својот 15-годишен јубилеј

144

ЛУКОИЛ Македонија, компанија која преставува една од 10-те најголеми странски инвеститори во земјава, месецов одбележува 15 години постоење на македонскиот пазар.

Компанијата е регистрирана во мај 2005 година како ќерка-фирма на групацијата „ЛУКОИЛ“ и дел од Балканската меѓурегионална група на компании, а токму на 17 август започнува со својата комерцијална дејност. Првата бензинска станица на ЛУКОИЛ во Македонија, пак, беше изградена во населбата Камник и почна со работа на 1 септември 2006 година, а битен сегмент од работата на претпријатието претставува и нафтениот склад на ЛУКОИЛ во Штип, пуштен во употреба во август 2005 година, кој е еден од најсовремените на Балканот и изграден според највисоките светски стандарди.

Влегувањето на македонскиот нафтен пазар во јавноста беше доживеано како „свеж ветер на промени“ и „локомотива во привлекувањето на инвестиции“. Од своето доаѓање во 2005 година досега, сумата на директни инвестиции изнесува повеќе од 50 милиони долари во македонскиот енергетски сектор, со што покажа дека е навистина сериозен стопански партнер на земјата.

Во изминативе 15 години, ЛУКОИЛ Македонија отвори вкупно 31 бензинска станица според најсовремените европски стандарди и има 450 вработени, а на македонскиот пазар има пласирано над 1,5 милиони тони нафтени деривати, со што компанијата прерасна во еден од поголемите снабдувачи со гориво во земјава, но и вистински пример за другите странски компании, постојано воведувајќи нови критериуми и повисоки стандарди во работењето.

На денот на одбележувањето на својата 15-годишнина, пак, ЛУКОИЛ Македонија ја отвори својата 32-ра бензинска станица во Кочани, која е и втора бензинска станица во овој град.

„ЛУКОИЛ Македонија опфаќа 16 отсто од македонскиот нафтен пазар и уверено можам да кажам дека стоиме цврсто на својата позиција благодарение на гаранцијата за квалитетот на гориво кое го увезуваме од нашата рафинерија ‘ЛУКОИЛ Нефтохим Бургас’ и високото ниво на услуги коишто им ги нудиме на своите потрошувачи. ЛУКОИЛ Македонија претставува сериозен бренд кој се темели на долга историја, традиција и искуство, но и компанија која е стабилен економски партнер на земјата и која ужива константна поддршка од страна на Владата на Македонија“, изјави г-дин Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

По повод 15-годишното постоење, честитки за јубилејот упати и раководителот на Балканската меѓурегионална организација ЛУКОИЛ, г-дин Денис Рјупин.

„ЛУКОИЛ бензинските станици во Македонија ги оценувам како едни од најдобрите на Балканот, а тоа се должи токму на големиот успех на компанијата и 15-годишната посветена работа“, рече Рјупин.

Инаку, во периодот од последните неколку години, ЛУКОИЛ Македонија се наоѓа во десетте најголеми плаќачи на данок во земјата, а и во рамките на глобалната групација ЛУКОИЛ, компанијата беше прогласена за најдобро претпријатие надвор од границите на Русија дури два пати досега, што претставува уште еден доказ дека таа е вистински синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјата, но и пошироко.

Истовремено, ЛУКОИЛ Македонија во својата 15-годишна историја зема активно учество и од доменот на општествената одговорност, континуирано враќајќи ѝ на заедницата во која делува преку голем број проекти и иницијативи за зачувување на животната средина со користење на најдобрите достапни технологии, но и создавајќи безбедни услови за работа за вработените, грижејќи се за нивното здравје, како и за здравјето на сите граѓани на земјата. Во таа насока, компанијата годинава донираше гориво на институциите кои се во првите борбени редови во справувањето со коронавирусот.

Во изминатиот период колку што ЛУКОИЛ Македонија постои на нашиот пазар, компанијата обрнува особено внимание и на своите вработени, како своја движечка сила, кои со својата професионалност, посветеност и упорен труд, се континуирано насочени кон создавање современа, ефикасна малопродажна мрежа и обезбедување врвна услуга за своите потрошувачи, со што директно придонесуваат и за успешниот развој на компанијата.