20.000 жени се пријавиле да патуваат на Месечината со милијардерот што делеше пари

106

Откако јапонскиот милијардер Јусаку Маезава објави оглас дека бара жена која со него ќе патува на Месечината, до него стигнале апликации од 20.000 жени, пренесува CNET.

Маезава ќе стане првиот приватен патник на вселенското летало Starship на компанијата SpaceX на Илон Маск и ќе патува на Месечината. Тој сега бара партнер за да му прави друштво, а досега се регистрирани повеќе од 20.000 жени.

Лансирањето е планирано за 2023 година, а тој има купено неколку билети.

Јапонецот е основач на веб-страницата за облека Zozotown, а пред неколку дена беше и актуелен по неговиот социјален експеримент кога реши да подари девет милиони долари на луѓе кои ќе ги избере преку социјалната мрежа Twitter.

Фото: Facebook