Дигитална наместо хартиена визит картичка

372

Исмар Лачевиќ е млад претприемач од Босна и Херцеговина, кој разви дигитална бизнис картичка под името Адам, пишува Indikator.ba.

Оваа дигитална картичка би била замена за традиционалните визит картички. Физичка копија од картичката воопшто не е потребна, бидејќи сите визит картички од бизнис партнери и соработници се “складираат“ во апликација.

Освен што е иновативна, дигиталната визитка е и еколошка, бидејќи го намалува користењето на хартија.

Адам, како што наведува Лачевиќ, може да се користи на глобално ниво. Тој планира да ја зголеми функционалноста на оваа картичка преку поврзување со повеќе картички во една, како што се картички за паркинг, за лојалност во продажни објекти, за влез во објекти и слично.

Фото: Pexels