Зошто успешните луѓе мора да бидат фит?

157

Физичката активност е важна здравствена придобивка за секој човек. Ова особено важи за луѓе кои имаат стресна и динамична работа или поминуваат најмалку осум часа во седечка позиција.

Бројни истражувања покажуваат дека луѓето кои сакаат да постигнат врвен успех, не само што треба да се образуваат, да стекнуваат нови искуства и да ги прошируваат своите погледи, тие треба да бидат и физички активни за да создадат целосна слика за подобри резултати.

Се верува дека вежбањето ја подобрува концентрацијата, а со тоа и подобри резултати, зголемена продуктивност и поголема ефикасност. Освен тоа, има и бројни позитивни ефекти врз менталното здравје, бидејќи влијае на неутрализирање на стресот. Дури и умерен тренинг влијае на лачење на ендорфин, што важи за хормон на среќата. На тој начин, редовното вежбање, освен што ослободува од стрес, создава и пријатно чувство.

Добро е да се знае дека луѓе кои се физички активни, имаат и поголема самодоверба. Еден дел за тоа е изгледот, а од друга страна и поголемиот капацитет за контрола на секоја постапка и донесена одлука.

Во светот има бројни успешни претприемачи и милијардери кои редовно вежбаат, бидејќи се свесни за придобивките што ги носи тренингот. Меѓу нив се: Марк Кубан, Џек Дорси, Тим Кук и Илон Маск. Нивните имиња доволно зборуваат за нивната генијалност и успешност, а потврдуваат дека со редовен тренинг создаваат поголем бенефит за себе.

Фото: Freepik