4SELLERS и Kuehne + Nagel влегуваат во стратешко партнерство

21

kine-nagle-foto

Фото: Kuehne + Nagel

4SELLERS и Kuehne + Nagel ги здружуваат сили за да го прошират спектарот на услуги за онлајн продавници, со средна големина, околу логистика и складирање на производи, стои во официјалното соопштение.

Со воспоставување на партнерството, тие ги комбинираат ИТ решенијата на 4SELLERS со логистичките услуги на Kuehne + Nagel за да им обезбедат комплетен пакет на услуги на купувачите.

Клиентите на 4SELLERS не само што ќе имаат пристап до решенијата за електронска трговија, туку и до дополнителни логистички услуги. Тие вклучуваат обезбедување на капацитет за складирање, прием и складирање на производи, како и нивно пакување и предавање на транспортерите за испорака до крајните потрошувачи.

Овие услуги, првенствено се наменети за компании со средна големина, коишто имаат бенефит од стандардизираните услуги и цени. Испораките се достапни во Германија, но и во други земји.

Во рамки на заедничкото партнерство Kuehne + Nagel обезбедува капацитети за складирање низ цела Германија. Производите се складирани само во оваа земја, што овозможува пратките да бидат близу до крајните корисници.

“Потребна е сила и моќ за да се имплементираат визиите во областа на електронската трговија. Ние сме среќни што имаме таков силен партнер, којшто може да обезбеди голема сигурност и постојаност во секторот (business to customer). Со интернет страници во над 100 земји, Kuehne + Nagel, исто така, функционира како совршена платформа за трговци кои сакаат да го прошират бизнисот на меѓународно ниво. 4SELLERS има за цел да расте заедно со своите клиенти. Партнерството со Kuehne + Nagel претставува уште една пресвртница во постигнување на оваа цел“, вели Кристијан Мејер, извршен директор на 4SELLERS.

“Поддршката на електронската трговија е значаен двигател за развој на Kuehne + Nagel во следните години. Не само што работиме со водечки светски компании, туку се фокусираме и на мали и средни компании. Партнерството со 4SELLERS е од голема стратешка важност за нас. Наша цел е да го зголемиме пазарното учество о во овој сегмент“, вели Матијас Вајнер, член на Управниот одбор на Kuehne + Nagel, одговорен за логистички договори.