53% од Бугарите го бираат левот пред еврото

98

lev

Според истражувањето на Gallup International, 53% од Бугарите го бираат левот и се цврсто против воведувањето на еврото во земјата. Од друга страна, само 17% сметаат дека најдобро сценарио за Бугарија е да стане дел од еврозоната. Значителен дел од испитаниците, 30% не дале конкретен одговор на прашањето, пишува Екон.

Истражувањето покажува дека сериозниот пад на поддржувачите на единствената европска валута во Бугарија се должи на ситуацијата во Грција. Само пред неколку месеци, повеќе од половина од населението му даваше предност на еврото.