793 милиони евра за автопатот со кој Косово се поврзува со Македонија

63

Според проценките на косовската влада, за да се изгради автопатот кој Косово го поврзува со Македонија потребни се 793 милиони евра.

Овој автопат е продолжување на трасата Врмица-Мердаре, која пак е продолжение на автопатот Драч-Кукс-премин Морина, на албанско-косовската граница.

Автопатот ќе почнува од Липљан каде ќе има голем кружен тек, кој ќе биде и прва клучка на автопатот,кој ќе го поврзува косовскиот главен град со граничниот премин Блаце, на границата со Македонија.

Реката Лепенец ќе биде пренасочена за да се направи подобра насока за трасата.

Изградбата се планира да почне во почетокот на следната година, за чија цел косовската влада издвои 30 милиони евра од буџетот за 2013.

Условот за Косово да почне со изградба на автопатот е да има 300.000 евра на банкарскиот биланс. Максималната дозволена брзина на автопатот ќе биде 120 километри на час. На автопатот ќе има три тунели, од кои најголемиот ќе биде кај Качаник, со должина од 2,2 километри, како и десетина мостови.