Во октомври оваа година се издадени 326 одобренија за градење, што е за 35,3% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.050.934.000 денари што е за 52,9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 или 57,4% се наменети за објекти од високоградба, 45 односно 13,8% за објекти од нискоградба и 94 т.е. 28,8% за објекти за реконструкција.
Од вкупно 326 објекти, на 202 (62%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 124 или 38% објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 869 станови, со вкупна корисна површина од 69 474 метри квадратни.