САД ги тужи S&P, инвеститорите во страв

52

standard and poorsСпоред најавите, американското министерство за правосудство денес ќе поднесе тужба против рејтинг агенцијата Standard & Poor’s поради можни незаконитости при одредување на кредитниот рејтинг на второкласни и други хипотекарни обврзници.

Вредноста на тие хипотекарни хартии од вредност нагло падна во 2007 година, што беше една од главните причини за длабоката финансиска криза.

Ова е прва тужба на американските власти против рејтинг агенција во историјата, па инвеститорите се плашат дека може да следуваат и нови, не само од властите, туку и од инвеститорите. Поради тоа за скоро 14% паднаа акциите на компанијата McGraw Hill, компанија во чија сопственост е агенцијата S&P, додека акциите на Moody’s паднаа за преку 10%.

Доколку се утврди дека S&P направиле престап, може да сносат последици во вид на парични казни и ограничување во начинот на работа.

Агенцијата ги отфрла обвиненијата дека направила грешка.