Трговскиот дефицит, во период јануари ноември минатата година, достигна 1.512.754.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – ноември 2015 година, изнесува 3.714.620.000 евра. Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во истиот период, изнесува 5.236.374.000 евра.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2015, изнесува 70,9%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи).
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.