Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во ноември

40

Во ноември минатата година се издадени 318 одобренија за градење, што е за 13,2% повеќе во однос на истиот месец претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.981.924.000 денари што е за 66,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 201 (63,2%) се наменети за објекти од високоградба, 36 (11,3%) за објекти од нискоградба и 81 (25,5%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 318 објекти, на 221 (69,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 97 (30,5%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 539 станови со вкупна корисна површина од 43.785 метри квадратни.