Зголемување на прометот во трговијата во декември

36

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2015 година, во споредба со декември 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13,1%, а реално за 8,6%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 6,3%, а реално за 6,2%).

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1,2%, а реално за 0,4%).