Компанијата Технометал – Вардар за претстојната 2016 година проектира добивка од 25.000 евра, стои во финансискиот план за работа и делување во 2016 година, објавен на Македонска берза.
Во проектираниот биланс на успех се проектираат 1.451.000 евра приходи од продажба и услуги, додека на расходната страна ќе има 1.306.000 евра.
“Појдовна основа за изготвување на плановите на секторите, односно приходите и расходите по основ на продажба и услуги во компанијата, се расходите остварени во 2015 година, со тоа што во делот на приходите се предвидуваат реални приходи, коишто се очекуваат да се остварат по основ на продажба и услуги во текот на деловната 2016 година“, се вели во финансискиот план.