Хрватска размислува да воведе вињети на автопатиштата

46

hr

Хрватскиот министер за сообраќај и инфраструктура, Олег Бутковиќ најави можност за воведување на вињети како систем за наплата на патарина на автопатиштата и рече дека веќе се изработува прелиминарна анализа, пишува Вечерњи лист.

Професорот Иван Дадиќ од Факултетот за сообраќај, уште во 2008 година изработи студија која покажува дека вињетите се многу подобро решение од постоечкиот систем. Според Дадиќ, 10-дневна вињета во Хрватска не би требало да биде поскапа од 15 евра, месечната би изнесувала околу 50 евра, а годишната 150 евра. Сега, на пример, цената на патарината за прва категорија возила од Загреб до Сплит чини 22,8 евра.