Американскиот производител на електрични автомобили Tesla Motors минатиот месец лансираше видео во кое прави своевиден пресек на времето во кое живеел Никола Тесла и сегашноста.
Видеото го следи симулација на говорот на Никола Тесла, кој зборува за неговите предвидувања – напуштање на нафтата и јагленот и нивна замена со чисти и алтернативни извори на енергија.
Tesla Motors тежнее целосно да ја усогласи својата стратегија со визиите на Никола Тесла.
Рекламата го носи насловот Ова не е сон.