Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 824.591 МWh електрична енергија, 28.117 мил. нм3 природен гас, 782.427 тони јаглен и 97.408 тони нафтени продукти.
Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 72,6% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98,2% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.