Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата, во второто полугодие на 2015 година, изнесува 5,11 денари по киловат час, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Оваа цена во споредба со првото полугодие од 2015 година е повисока за 1,65%.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3,40 до 8,30 денари по киловат час, по групи на потрошувачи.
Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 17,16 до 18,29 денари по nm3, по групи на потрошувачи.